24 Мај Калитеа

24 Мај

24.05.2018 - 27.05. 2018

Vila Mythos Комплетно нов објект со капацитет од 20-тина соби распоредени на 3 нивоа: приземје, прв и втор спрат. Секоја од собите е модерно уредена, со сопствена комплетно опремена мини кујна, телевизор со рамен екран, клима уред, тераса и купатило. Вила Митос на своите гости исто така им нуди и бесплатен безжичен интернет. Објектот се наоѓа во мирниот дел, на околу стотина метри оддалеченост од познатото и живо шеталиште во идиличното место Калитеа, на првиот крак од полуостровот Халкидики - Касандра. Шармантната и секогаш жива Калитеа исто така е позната по своите прекрасни плажи со бел песок и кристално бистра вода со тиркизна боја, кои се оддалечени на околу петстотина метри од вилата. (Користењето на клима уредот се наплаќа на лице место)
Вид на соби:
- студио двокреветно, трокреветно и четворокреветно: 2, 3 или 4 кревети во иста просторија со кујна
- апартман со 1 спална: две простории со по 2-3 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)
- апартман со 2 спални: три простории со по 2 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)

Vila Joana или поранешно - Студио "Stavros" се наоѓа наспроти хотелот Maya Bay, оддалечени околу 300 метри од прекрасната песочна плажа во Калитеа. Објектот е нова градба и се состои од студија кои располагаат со комплетно опремена кујна, TВ, клима уред (се доплаќа), купатило и пространи тераси за уживање во летните вечери.
Вид на соби:
- студио двокреветно и трокреветно: 2 или 3 кревети во соба, кујната е во одделна просторија.

 

 

Тип на соба

24.05.18

27.05.18

Двокреветно студио 65 
Трокреветно студио 75 
Четирикреветно студио/aпартман 95 

 

 

Во цената е вклучено:
- наем на студио/апартман за 3 ноќи

Во цената не е вклучено:
- патничко осигурување


Доплата за превоз (повратно):
- деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
- деца од 2 до 12 години: 25 € 
- возрасни: 35 € 

Забелешка: преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен


Автобуски превоз - време и место на поаѓање: 
05:30 Кочани - автобуска станица 
06:00 Скопје - пред агенцијата 
06:00 Штип - пред новата пошта 
06:45 Велес - бензиска станица на автопатот Е75 - мотел Македонија 
07:00 Струмица - пред агенцијата 
07:15 Неготино - бензиска станица на автопатот Е75 
07:30 Валандово - бензиска станица на излез од градот кон Гевгелија 
08:00 Граничен премин Богородица - бензиска станица пред преминот 

 

Напомени:
- уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- важат општите услови за патување на ТА Сафари
- агенцијата поседува А лиценца со регистерски број 13-5233/2