Истанбул

Истанбул е град на легенда и историја. Тој магичен град ни нуди толкава прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден град во светот. Значаен е по тоа што е расположен на два континента и тоа во Европа и зазема дел од Азија. Расположен на седум брда и запилскуван од водите на синиот Босфор прави слика од која никој не може да остане рамнодушен. Тој бил метропола 2600 години,што значи подолго од било која друга метропола во светот. Истанбул – град кој на прв поглед може да биде темен и разочарувачки поради својата густа населеност ,непланска изградба, ориенталниот начин на живеење, хаосот по улиците и брзото темпо на живеење. Но,велат доколку сте доволно љубопитни и стрпливи, ќе можете да дојдете до срцето и уникатниот дел на Истанбул – град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската Византиската и Отоманската, и да ја почуствувате неговата големина и импозантна убавина. Капали чаршија – Оваа чаршија е најнеодоливата од сите атракции во Истанбул. Таа фасцинира со нејзиниот изглед и многуте дуќани, како еден мал покриен град каде може да си купите покрај сувенири, злато, бакар, ориентални килими, познатото истанбулско стакло и многу други работи. При посета на Истанбул секако не смеете да ја пропустите палатата на султанот односно Долма Бахче Сарај.
Сарај кој лежи на Босфор и дава инзвонредна глетка на Истанбул давајки ни јасна представа колку уживал Султанот кој живеел во сарајот. Покрај преубавите градини во сарајот ке ги видите собите во кои живеел султанот, ентериерот како и фамозните кристални лустери кои се во огромните салони во сарајот. По прошетката во султановиот дом се оди во Харемот или куќата каде што живееле жените на султанот. Топкапи сарај е уште една палата која што не смее да се пропушти не само поради нејзината важност и убавина туку и поради тоа што е единствената палата која од сите страни е опкружена со море (односно со водите на Мраморно море и Босфор). Тука е и огромното богатство на султаните како и разните порцелански и други поклони сто ги добивале од своите посетители. Сината џамија (или Султан Ахмедова џамија) всушност е џамија која покрај својот стил плени со својата убавина и е единствената во светот која има шест минариња. Таа претставува симбол на градот и е подарок од султанот Ахмед и секако би ја дознале нејзината приказна доколку ја посетите.

 

ПРОГРАМА:

1 ден (08.03.2018) четврток

Поаѓање во 15:30 часот од пред туристичката агенција Либеро Травел. Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Попатно застанување во Дупница и продолжуваме по маршутата Софија, Пловдив и тн.

2 ден(09/03.2018) петок

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич.Посета на паркот Беилербеи  во Азискиот дел на Истанбул. Секој Април тука се организира, годишен меѓународен фестивал на лалиња и паркот станува атрактивен со многу шарени цвеќиња.Се насадуваат во целиот град онолку лалиња колку што има жители во Истанбул. Ќе направиме групна фотографија под Босфорот кај кој се открива прекрасна позадина.По прошетката во паркот се враќаме на стариот дел на Истанбул (Европскиот) и продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар “Султанахмед”. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на “Сината џамија” – единствена со шест минариња. Посета на Црквата Света Софија и посета на Топкапи палатата. Разглед на хиподромот. Слободно време за индивидуална прошетка од центарот Султанахмет до хотелот со попатна посета на Капали чаршија. Ноќевање.

3-ти ден(10.03.2018) сабота

 Појадок. Од 07:00 до 08:30. Слободно време  или факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината “Румелија Хисар”, да ги фотографирате прекрасната палата “Долмабахче”, Сарај, дворецот “Јилдиз”, дворецот “Чифте Сарај”. Потоа бродот се упатува кон азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии. Факултативна групна посета на султански палата “Долмабахче” кој е еден од нај раскошниот дворец во светот., Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање . Враќање во хотелот, слободно време или факултативно организирана традиционална турска вечера. Ноќевање.

4-ти ден 11.03.2018 недела

Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet , еден од најевтините во Европа , мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови..

 

               ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  10 февруари :  75€ / 4650 денари

                               РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 85€ / 5270 денари

 

Во цената е вклучено :

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел 3*

- Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич

- Посета на Оutlet во Едрине

- Посета на Сината Џамија

- Разглед на Хиподромот

Во цената не е вклученo:

- Влезници за музеите

- Најголемиот аквариум во Европа Florya- Цена 20 €

- Дворецот Топкапи – 15 евра

- Дворецот Долмабахче – 20 евра

- Бродче по Босфор – 15 евра

- Традиционална вечера – 25 евра

- Посета на облакодерот  “Сафир”, со вклучен билет за панорамски игралиште и 4D кино – 20 евра

- Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра

-Патничко осигурување – 150 денари

 

Начини на плаќање: При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Патничко и здравствено осигурување: Агенцијата препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци ( без франшиза).

НАПОМЕНИ:

- Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

- Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€

- За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и TA Сафари.

- За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.

- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.