Рим

1 ден 07.03.2018: СКОПЈЕ

Состанок на групата во 14:30ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 15:00ч. Се патува преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден  08.03.2018: МОНТЕКАТИНИ - ПИЗА

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден  09.03.2018: МОНТЕКАТИНИ - РИМ

Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот...Сместување во хотел. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.     

4 ден  10.03.2018: РИМ - ТИВОЛИ - ВАТИКАН

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Предпладне предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива  по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи.  Враќање во Рим. Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим. Ноќевање.

5 ден  11.03.2018: РИМ - ФИРЕНЦА

Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio…Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден12.01.2018: СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните  часови.

 

                     ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2018: 220€/ 13.640 ден.

                                 РЕДОВНА ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА:  235€/14.570 ден.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Монтекатини– Рим-Скопје

- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)

- 1 ноќевање во хотел 3* НП во Монтекатини

- Организација и водство на програмата

- Лиценциран туристички придружник

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување - 190 мкд

- Вечерна посета на Пиза – 15 €

- Разглед на Рим со локален водич - 15 €

- Факултативна посета на Ватикански музеи, со влезница, водич, превоз - 50 €*( резервација при уплата)

- Влезница за Базилика Св.Петар. 5 €*

- Факултативна посета на Тиволи 25 €*

- Rome by night излет 15 €

- Задолжителна посета на Фиренца 30 €

- Останати влезници, метро карти

- Еднокреветна соба 4.960 денари

- Туристичка такса за ноќевање во Монтекатини ( 2 евра , се плаѓа во агенција)

- Туристичка такса за ноќевање во Рим( 6 евра по лице на ден , се плаќа во агенција)

 *** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалотетите во моментот ***

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници

- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТА САФАРИ

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила

- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.