Велигден 2018

Hotel Bansko Spa & Holidays

Четири ѕвездениот комплекс Банско Спа & Холидејс е изграден по водечките хотелски стандарди. Хотелот се наоѓа на западниот дел на градот и им овозможува на своите гости величествен поглед кон трите планини Пирин, Рила и Родопи. Модерно уреден со блескава елегантност хотелот располага со 80 двокреветни стандардни соби, 9 двокреветни мансардни соби, 3 фамилијарни соби и 6 апартмани. Сите тие се опремени со телефон, ТВ, интернет, клима, сеф, мини бар и купатило. Повеќето од собите имаат и просторни балкони. Хотелот располага со модерен сигурносен систем, со тоа што сите соби се отклучуваат со магнетни чипови. Хотел Банско Спа & Холидејс им овозможува на своите гости и дополнителни услуги како: рум-сервис, фризерски услуги, велосипеди за наем, различни екскурзии, две конференциски сали со капацитет од 60-100 места опремени со соодветна технологија и многу други. На Ваше располагање се и ресторан, традиционална бугарска меана со национална кујна каде ќе имате можност да ги вкусите највкусните кулинарски искушенија приготвени од професионални кувари. Хотел Банско Спа & Холидејс може да се пофали со најмодерниот Спа центар кој нуди топла и прекрасна атмосфера.

 

  Период: 06.04-09.04.18

Цена: 91 € (5640 ден)

 

 

Во цената е вклучено:
-3 ноќевања на база FB (појадок, ручек и вечера) по лице. 


Попусти:
- Дете до 6,99 години сместено на дополнителен кревет со 2 возрасни - бесплатно
- Две деца до 6,99 години со 2 возрасни - првото дете е бесплатно, второто дете плаќа 30% од цената за возрасен
- Дете до 6,99 години на редовен кревет со 1 возрасен е бесплатно, а возрасниот плаќа по цена за еднокреветна соба
- Дете од 7 - 13,99 години на дополнителен кревет со 2 возрасни - 50% попуст за секое дете
- Дете од 7 - 13,99 години на редовен кревет со 1 возрасен има 30% попуст од цената за возрасен
- Трет возрасен на дополнителен кревет - 30% попуст

 

НАПОМЕНИ: 
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2