Hotel Maraya ***

Хотел MARAYA 3*

Лоциран во подножјето на Пирин планина хотелот “Maraya” - Банско е неповторливо место за престој и одмор, кое што на секој посетител ќе му овозможи спокојство, слобода и хармонија. На гостите кои престојуваат во хотелот ќе им бидат овозможени одлични услови за одмор. Хотелот располага со 34 соби, 17 апармани и 5 delux соби, сите опремени со модерен и атрактивен ентериер. На располагање има и ресторан, лоби бар, парна бања, базен, интернет, транспорт до ски лифтот, а покрај тоа и перфектна услуга. Хотелот се наоѓа на 10 мин. од гондолата на ски лифтот, со која што се искачувате на 2.600 мнадморска височина до највисоките покриени со снег писти, совршени за сноубординг и скијање. Удобната сауна, парна бања и базен, како и авантуристички мигови по ски-патеките на Банско, благопријатни за добро психичко и физичко здравје. За бизнис средбите на клиентите им стои на располагање конференциска сала, како и сеф зачување на важни документи и лични акцесори. Оние кои ја ценат добрата кујна ќе откријат вкусно и богато мени приготвено од професионалниоткулинарски тим на ресторанот, вистински кулинарски специјалитети и слатки искушенија. Хотел “Маrаya” ви нуди одлични можности за комплетен одмор. Повелете и уживајте во убавините на Банско!

 

Цените се по лице за 1 ноќ. на база All Inclusive

 

Термин 01.04/2018 - 30.06/2018
Возрасен 23 €
Деца над 12 год. или трет возрасен 25% попуст
Деца (4 - 12 год.) 50% попуст
Деца (0 - 4 год.) Бесплатно

 

Во цената е вклучено:
- Ноќевања со услуга all inclusive (појадок и вечера)
- Користење на СПА центар: внатрешен базен, фитнес центар (за лица над 16 год.), џакузи, сауна, парна бања, соба за релаксација.

 

Напомени:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува А лиценца со регистерски број 13-5233/2