БУДИМПЕШТА И ВИЕНА

01.ден СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 19:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

02.ден БУДИМПЕШТА 
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, и Ваци, Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав... на Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, можност за факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав и панорамски разглед на палатите од двете страни на градот. Ноќевање.

03.ден БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок. Слободен ден за индивидулани активности, или факултативна посета на Виена: Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градското Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Маријатерезианплац, Виенската Опера... Слободно време до заминување за Будимпешта. Попатна посета на шопинг центарот “Пандорф”. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање. 

04.ден БУДИМПЕШТА - СЕНТЕНДРЕ
Појадок. Организирана посета на Сентендре - живописно гратче во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, можност за посета на голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативна посета на национален ресторан – чарда со специјалитети на унгарската кујна и уметничка програма на традиционални танци. Ноќевање. 

05.ден БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Појадок. Науштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности, со можност за посета на Тропикариумот или Зоолошката градина на Будимпешта. Во попладневните часови заминување за Македонија. Дневно и ноќно возење преку Србија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот:

Термин: 27.април  - 165 Є (10.230,00 мкд) 

Термин: 23.мај  - 155 Є (9.610,00 мкд) 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со автобус на наведената релација

- Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок 

- Организиран разглед на Будимпешта и Сентендре

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕН :

- Факултативно крстарење по Дунав (15 €)

- Факултативна вечера во Чарда (30 €)

- Факулативна посета на Виена и Пандорф (35 €)  

- Влезници за музеите и културно - историските споменици

- Туристичко, патничко осигурување 

 

НАПОМЕНИ:

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалитетите во моментот ***
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2