БУКУРЕШТ

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
 

01.ден СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ

Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот 'Holiday Inn'. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.  

 

02.ден БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на парламентот - најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото музеј... Сместување во хотел. Навечер, можност за факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.

 

03.ден БУКУРЕШТ - СИНАЈА - БРАН - БРАШОВ

Појадок. Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462 г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

04.ден БУКУРЕШТ - СНАГОВ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови.  Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.

 

Цена на аранжманот:

Термини: 27.април и 24.мај  -  109 Є (6.760,00 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Oрганизирани разгледи според програмата

- Сместување во хотел *** на база на 2 ноќевања со појадок

- Организација и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Вечера во национален ресторан (25 €)

- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25 €)

- Влезници за музеите и културно-историските споменици

- Туристичко, патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ:

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалитетите во моментот ***
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2