Бангкок + Пукет

Бангкок има повеќе посетители од кој било друг град во светот и не треба многу време да се сфати и зошто. Бангкок е град со контрасти во акција на секој чекор: блескавите храмови, “tuk tuk” превоз по раздвижениот кинески град или да земете долг чамец преку пловечки пазари. Храната е уште една нагласка во Бангкок, од локални јадења кои се служат на скромни улични тезги до врвни романтични ресторани на кровни места. Луксузни трговски центри кои се натпреваруваат со море од бутици и пазари, каде што можете да си приуштите убав шопинг без преголемо трошење. Екстравагантните хотели и изненадувачки евтини апартмани ви посакуваат исто топло добредојде со славна тајландска гостопримливост. И ниту една посета на Бангкок не би била комплетна без увид на нејзиниот познат ноќен живот - од кабареа до егзотични црвени светла, Бангкок никогаш не престанува да зачудува.

Пукет е меѓу најдобрите дестинации во светот кога станува збор за избор на плажа, со убави бели песоци, развеани палми, сјајни мориња и полни со живот градови. Има по нешто за секој вкус и буџет, располага стотици хотели, со широк избор на опции за јадење и забави. Освен посетата на фантастичните атракции на најголемиот остров на Тајланд, можете многу лесно да одпловите до блиските тропски краеви, вклучувајќи ги и познатите острови како Фи Фи или да уживате во мирни крстарења околу мистичниот залив Пханг Нга .. Пукет е благословен со повеќе од 30 неверојатни плажи за избор. Патонг Бич, Ката, Карон и Камала кои отсекогаш биле најпопуларни, но северниот дел на островот открива некои скриени камења за патниците кои бараат по-романтична атмосфера. Имаме повеќе од 20 години искуство и детално истражување за да одговориме на сите прашања од посетителите како: Кои се најдобрите хотели? Каде се тајните плажи? Каде се најдобрите ноќни пазари, ноќен живот и локална тајландска храна? Ние о истражувавме секој храм, секоја плажа и секој пазар. Уште не сте убедени??

Хотели во Бангкок и Пукет

Име на хотелот во Бангкок Име на хотелот во Пукет

12 дена/2 ноќи во Бангкок и 7 во Пукет 16 дена/3 ноќи во Бангкок и 10 во Пукет
Royal Asia Lodge Sukhumvit 3 * Inn Patong Hotel Phuket 3* 655 € 712 €
Ibis Bangkok Sathorn 3 * Sea Sun Sand Resort & Spa 4 * 826 € 960 €
Mercure Bangkok Siam 4* Novotel Phuket Vintage Park Resort 4 * 930 € 1110 €
Aetas Bangkok 5 * Thavorn Beach Village Resort & Spa Phuket 5 * 1001 € 1213 €
Sofitel Bangkok Sukhumvit 5 * Le Meridien Phuket Beach Resort 5* 1557 € 2010 €

Цената е по лице и вклучува:
- Авио билет со Qatar Airways на релација Скопје-Доха-Бангкок
- Авио билет на релација Бангкок-Пукет
- Авио билет на релација Бангкок-Доха-Скопје
- Чекиран багаж од едно парче до 30 кг. по патник + едно парче 7 кг. рачен багаж
- Трансфери според програмата (аеродром-хотел-аеродром на Пукет, аеродром-хотел-аеродром во Бангкок)
- Бројот на ноќевања на база ноќевање со појадок
- Аеродромски такси (288 €)

Цената не вклучува:
- Трошоци за вадење туристичка визa за Тајланд 60 €
- Трошоци за факултативни излети
- Патничко осигурување

Забелешки:
- Посредуваме при вадење туристичка виза за Тајланд
- Цената важи за ограничен број места. За достапност на понудата на датумите кога сакате да патувате, јавете се во агенција
- Минимум патници: 2, еднокреветна соба со доплата 
- Постои можност за продолжување на престојот во хотелот на Вашата дестинација. За додатни информации, јавете се во агенција

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Сафари и СКТМ. Бидејќи се работи за аранжман со авионски превоз, потребна е целосна уплата на цената при резервација и истата неможе да се откаже и е нерефундабилна.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2