Дубаи

Дубаи – е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Дубаи е симбол на луксуз, прекрасни убаво уредени плажи со бел песок, тиркизно плаво море, за рајски одмор. Најголемата атракција е плажата Џумеира и Бур ал Арап, како и бројни пазарни и бизнис центри. Jumeirah плажа е една голема плажа покрај Jumeirah Road, која е поделена помеѓу хотели, со неколку слободни, односно јавни делови. Во населбата Deira постои и познатата Ал Маназар Парк плажа, со бројни игралишта, барови, киосци за храна, пикник делови за семејства. Давата брега во текот на месец јануари кога е и најпријатна климата се преполни со многубројни туристи од Европа. Низ градот може да се движите и со такси кое е лесно достапно и вози по однапред утврдени идентични цени на сите такси компании. Како релативно нова туристичка дестинација, Дубаи носи одлика на однапред спремен град, во потрагата да ги задоволи апетитите на секој модерен турист. Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 - 35 степени.

Хотели во Дубаи

Име на хотелот 5 дена / 4 ноќи 6 дена / 5 ноќи 8 дена / 7 ноќи
Panorama Grand Hotel 3-star hotel 3 * 530 € 559 € 589 €
First Central Hotel Suites 4 * 579 € 623 € 668 €
Bonnington Jumeirah Lakes Towers 5 * 658 € 722 € 786 €

Цената е по лице и вклучува:
- Повратен авионски билет на релација Скопје - Дубаи – Скопје со FLYDUBAI ( по лице со 20 кг вклучен чекиран багаж и 7 кг рачен багаж)
- Трансфери според програмата (аеродром-хотел-аеродром на Дубаи)
- 4/5/7 ноќевања во избраниот хотел на база ноќевање со појадок
- Аеродромски такси

Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Туристичка виза 85 EUR
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот на лице место при check in или при check out и истата изнесува:
Хотели 5 или повеќе 4 EUR по соба по ноќ
Хотели 4 / 4* lux 3 EUR по соба по ноќ
Хотел 3*/3 lux 2 EUR по соба по ноќ
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

Забелешки:
- Посредуваме при вадење туристичка виза за Дубаи
- Цената важи за ограничен број места. За достапност на понудата на датумите кога сакате да патувате, јавете се во агенција
- Минимум патници: 2, еднокреветна соба со доплата 
- Постои можност за продолжување на престојот во хотелот на Вашата дестинација. За додатни информации, јавете се во агенција

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Сафари и СКТМ. Бидејќи се работи за аранжман со авионски превоз, потребна е целосна уплата на цената при резервација и истата неможе да се откаже и е нерефундабилна.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2