Малдиви

Малдиви – е синоним за луксуз, романтика, тропско блаженство ...
Малдиви претставуваат група од неколку стотици острови во Индискиот Океан, повеќето од нив не се населени, освен главниот Мале и оние на кои се наоѓаат хотели. Волшебното море, песок како пудра и прекрасното сонце се синоним за оваа дестинација. Сите нијанси на плава и зелена боја се мешаат токму на Малдивите. Покрај брегот океанот е со светла-боја, потоа преминува во тиркиз, преку во темно сина боја. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Она што е најодушевувачки, е белиот песок. Секој турист има своја приватност, својо дел од плажа, свој дел од морето. Нуркањето се смета за еден од најдобрите атракции на островот. Малдивиските комплекси на хотели се специфични по една од најважните работи - секој се наоѓа на посебен остров, што на гостоте им нуди посебна приватност. Научниците тврдат дека за повеќе од 100 години Малдиви нема да постојат. Секоја година нивото на океанот се зголемува, па прогнозата е дека островот ќе биде потопен. Затоа, ако можете, посетете го Малдива, бидејќи ако постои рај на земјата, неговото име е Малдиви.

Хотели во Малдиви

Име на хотелот 10 дена / 7 ноќи 12 дена / 9 ноќи 15 дена / 12 ноќи
Hotel UI Inn 3 * 723 € 767 € 833 €
Holiday Island Resort 4* 1214 € 1339 € 1525 €
Paradise Island Resort & Spa 5 * 1421 € 1603 € 1875 €
Royal Island Resort & Spa 5 * 1478 € 1672 € 1963 €
Lily Beach Resort and Spa 5* 4063 € 4956 € 6295 €

Цената е по лице и вклучува:
- Авионски билет на релација Скопје-Доха-Мале-Доха-Скопје со Qatar Airways со вклучен багаж 30 кг. согласно саатници на програма
- 7/9/12 ноќи на база ноќевање со појадок
- Аеродромски такси
- Трансфери според програмата (аеродром-хотел-аеродром на Малдиви)

Цената не вклучува:
- Патничко осигурување
- Други индивидуални трошоци

Забелешки:
- Цената важи за ограничен број места. За достапност на понудата на датумите кога сакате да патувате, јавете се во агенција
- Минимум патници: 2, еднокреветна соба со доплата 
- Постои можност за продолжување на престојот во хотелот на Вашата дестинација. За додатни информации, јавете се во агенција

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Сафари и СКТМ. Бидејќи се работи за аранжман со авионски превоз, потребна е целосна уплата на цената при резервација и истата неможе да се откаже и е нерефундабилна.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2