ИСТАНБУЛ

Истанбул со шопинг во Едрене


4дена / 2 ноќевања со појадок + превоз + разглед на Истанбул со водич

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица, Делчево и Берово


Истанбул е град на легенда и историја. Тој магичен град ни нуди толкава прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден град во светот. Значаен е по тоа што е расположен на два континента и тоа во Европа и зазема дел од Азија. Располозен на седум брда и запилскуван од водите на синиот Босфор прави слика од која никој не може да остане рамнодушен. Тој бил метропола 2600 години,што значи подолго од било која друга метропола во светот. Истанбул – град кој на прв поглед може да биде темен и разочарувачки поради својата густа населеност ,непланска изградба, орјенталниот начин на живеење, хаосот по улиците и брзото темпо на живеење. Но,велат доколку сте доволно љубопитни и стрпливи, ќе можете да дојдете до срцето и уникатниот дел на Истанбул – град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската Византиската и Отоманската, и да ја почуствувате неговата големина и импозантна убавина. Капали чаршија – Оваа чаршија е најнеодоливата од сите атракции во Истанбул. Таа фасцинира со нејзиниот изглед и многуте дуќани, како еден мал покриен град каде може да си купите покрај сувенири, злато, бакар, орјентални килими, познатото истанбулско стакло и многу други работи. При посета на Истанбул секако не смеете да ја пропустите палатата на султанот односно Долма Бахче Сарај.
Сарај кој лежи на Босфор и дава инзвонредна глетка на Истанбул давајки ни јасна представа колку уживал Султанот кој живеел во сарајот. Покрај преубавите градини во сарајот ке ги видите собите во кои живеел султанот, ентериерот како и фамозните кристални лустери кои се во огромните салони во сарајот. По прошетката во султановиот дом се оди во Харемот или куќата каде што живееле жените на султанот. Топкапи сарај е уште една палата која што не смее да се пропушти не само поради нејзината важност и убавина туку и поради тоа што е единствената палата која од сите страни е опкружена со море (односно со водите на Мраморно море и Босфор). Тука е и огромното богатство на султаните како и разните порцелански и други поклони сто ги добивале од своите посетители. Сината џамија (или Султан Ахмедова џамија) всушност е џамија која покрај својот стил плени со својата убавина и е единствената во светот која има шест минариња. Таа представува симбол на градот и е подарок од султанот Ахмед и секако би ја дознале нејзината приказна доколку ја посети

ПРОГРАМА:

1 ден; четврток :- Поаѓањево 15:30 часот од пред туристичката агенција ЛибероТравел . Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Попатно застанување во Дупница и продолжуваме по маршутата Софија, Пловдив и тн.

2 ден / петок: Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Секој Април тука се организира, годишен меѓународен фестивал на лалиња и паркот станува атрактивен со многу шарени цвеќиња. Се насадуваат во целиот град онолку лалиња колку што има жители во Истанбул. Ќе направеме групна фотографија под Босфорот кај кој се открива прекрасна позадина. По прошетката во паркот се враќаме на стариот дел на Истанбул (Европскиот) и продолжуваме со пешачкапрошеткавоисторискиотцентар “Султанахмед”. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Посета на Црквата – музеј -Света Софија и посета на Топкапи палатата. Разглед на хиподромот.  Слободно време за индивидуална прошетка од центарот Султан Меахмет до хотелот со попатна посета на Капаличаршија. Ноќевање.

3-ти ден / сабота: Појадок. Од 07:00 до 08:30. Слободно време  или факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате в Европскиот брег на Босфор до тврдината “РумелијаХисар”, да ги фотографирате прекрасна тапалата “Долмабахче”, Сарај, дворецот “Јилдиз”, дворецот “ЧифтеСарај”. Потоа бродот се упатува кон азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии. Факултативна групна посета на палата “Долмабахче” кој е еден од најраскошните двореци во светот. Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D за чудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скајбар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање . Враќање во хотелот.Вечерта факултативно организирана традиционална турска вечера. Ноќевање.

4-ти ден /недела –  Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet ,еден од најевтините во Европа , мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

 ЗА УПЛАТА ДО 16.04.2018г

Ценанааранжманот: 85 евра- 5270денари !!!

термин: 27.04 – 30.04. 2018 г.

 

Во цената е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел Grand Halich 4* во населбата Таксим

- Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич

- Посета на Оutlet во Едрине

- Посета на Сината Џамија

- Разглед на Хиподромот

 

Во цената не е вклученo:

- Влезници за музеите

- Најголемиот аквариум во Европа Florya- Цена 20 €

- Дворецот Топкапи – 15 евра

- Дворецот Долмабахче – 20 евра

- Бродче по Босфор – 15 евра

- Традиционална вечера – 25 евра

- Посета на облакодерот  “Сафир”, со вклучен билет за панорамсои игралиште и 4D кино – 20 евра

- АјаСофија (влезница и аудиоопрема) – 15 евра

- Патничко осигурување – 150 денари

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ = 115 ЕВРА

 

НАПОМЕНИ:

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалитетите во моментот ***
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на  пријавени  патници
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2​​​​​​​