ЈУЖНА ИТАЛИЈА И СИЦИЛИЈА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
 
1.ден СКОПЈЕ - ДРАЧ - БАРИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 12:30 часот. Поаѓање за Драч во 13:00ч. Патувањето води преку граничниот премин Ќафасан и Албанија, со попатни одмори. Пристигнување во Драч во вечерните часови. Слободно време до качување на брод и поаѓање за Бари. Ноќно возење.

 

2.ден БАРИ - МЕСИНА - ПАЛЕРМО

Пристигнување во Бари во утринските часови. Патувањето продолжува преку живописните региони на Пуља и Калабрија, се’ до Сан Џовани од каде со траект се преминува до градот Месина, сместен на источниот брег на Сицилија. Кратка пауза до продолжување кон Палермо. По пристигнувањето, сместување во хотел. Краток одмор до организираното разгледување на главниот град на Сицилија. Посета во придружба на водич на “Quattro Canti” (четири агли) прекрасен пример на Шпанскиот барок, Piazza Pretoria и нејзината спектакуларна фонтана, црквата “San Giovanni Degli Ermiti” со нејзините пет куполи како и централната катедрала... Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3.ден ПАЛЕРМО - МОНРЕАЛ - ЏАРДИНИ НАКСОС - ЕТНА - ТАОРМИНА

Појадок. Напуштање на хотелот и заминуваање кон Џардини Наксос. Попатна посета на местото Монреал, со факултативна обиколка на катедралата Дуомо. Оваа позната црква, со своите позлатени мозаици кои завземаат површина од 6500m2, важи за една од најубавите базилики во светот. Продолжеток на патувањето до пристигнување во летувалиштето Џардини Наксос околу пладне.  Сместување во хотел и слободно време за одмор. За заинтересираните, можност за  факултативна посета на најпознатиот европски вулкан Етна, како и на блиската Таормина. Несекојдневна можност да се чекори по површина која наликува на месечината, со разглед на групата кратери “Силвестер” како и кратерот од последната ерупција во 2001 година. Во враќање кон Џардини, посета на Таормина:  палатата Корваја, променадата Умберто I, плоштадот 9.април со неговит прекрасен видиковец, катедралата Св.Никола… Ноќевање.

 

4.ден ЏАРДИНИ НАКСОС - КАТАНИЈА - СИРАКУЗА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или можност за факултативен излет до Катанија и Сиракуза. Посета на Катанија - најтемпераментниот град на Сицилија, кој плени со својата уникатност создавана низ историјата под влијание на бројните култури. Разглед на градот: големиот плоштад со базиликата Св.Агата, бројните барокни палати, Римскиот амфитеатар, црквата Св.Никола, замокот Урсино од XIII век, плоштадот Стезикоро... краток одмор до продолжување кон Сиракуза. Разглед на градот кој изобилува со богата историја уште од времето кога по неговите улици чекорел и Архимед. Археолошкиот парк, Грчкиот театар, Архимедовиот гроб, интригантните пештери, Дионисово уво... Можност за посета и на полуостровот Ортиџа - лавиринтот од улици околу Архимедовиот плоштад, Аполоновиот храм, како и раскошната барокна Катедрала со фасада од XVIII век. Слободно  време до враќање во хотелот. Ноќевање.

 

5.ден ЏАРДИНИ НАКСОС - МЕСИНА - БАРИ - ДРАЧ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Бари. Во зависност од времето, можност за посета на црквата Св.Никола во Бари, каде што се наоѓаат дел од моштите на светителот. Ноќна пловидба кон Албанија. По пристигнувањето, продолжување на патувањето кон Скопје.ен во вечерните часови.

 

6.ден ДРАЧ - СКОПЈЕ

Пристигнување во утринските часови. Краток одмор до продолжување на патувањето кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 295 Є (18.290,00 мкд)

Термин: 23.мај

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Превоз со брод на релација: Драч - Бари - Драч (“airseats”)

- Сместување во хотели *** во Палермо и Џардини Нксос, на база 3 ноќевања со појадок

- Организирани разгледи во Палермо и Монреал според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:                                         

- Доплата по лице, за 2 ноќевања во бродска кабина (40 €)

- Факултативна посета на Етна и Таормина (20 €)

- Факултативна посета на Катанија и Сиракуза (30 €) 

- Влезници за музеите и културно - историските споменици                  

- Туристичка такса од ноќевање (се плаќа на рецепција во хотелот)

- Туристичко, патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ:

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалитетите во моментот ***
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2