КАПАДОКИЈА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1.ден СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

2.ден ИСТАНБУЛ
Пристигнување во претпладневните часови во Истанбул.Овој град езначаен по тоа што се простира на два континента, Европа и зазема дел од Азија. Распослан на седум брда и запискуван од водите на синиот Босфор прави слика од која никој не може да остане рамнодушен. Тој бил метропола 2600 години, што значи подолго од било која друга метропола во светот. Истанбул е град кој на прв поглед може да биде темен и разочарувачки поради својата густа населеност, непланска изградба, ориенталниот начин на живот, хаосот по улиците и современото темпо на живеење. Но, велат доколку сте доволно љубопитни и стрпливи, ќе можете да дојдете до срцето и уникатниот дел на Истанбул – град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската, Византиската и Отоманската и да ја почуствувате неговата големина и импозантна убавина.  Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул)... Сместување во хотел. Ноќевање.

3.ден ИСТАНБУЛ - АНКАРА
Појадок. Патувањето продолжува кон Анкара. Пристигнување во престолнината на Турција, панорамски разглед на градот; Мавзолејот на Ататурк - ' Tатко на нацијата', зградите на владата и парламентот, можност за посета на Музејот на Анадолиските цивилизации, каде хронолошки се изложени експонати од палеолитот до денес. Сместување во хотел. Ноќевање.

4.ден АНКАРА - КАПАДОКИЈА
Појадок. Напуштање на собите и заминување кон Кападокија целодневна посета на Кападокија - 'Колевка на Христијанството' – област во која се криеле христијаните за време на големите прогонувања во I и III век, тука ги граделе своите цркви, кога христијанството било забранувано. Посета на долината Дервент, необичен регион на фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени 'волшебни оџаци' создадени во текот на милиони години под влијанието на вулканите и ерозијата. Патувањето продолжува кон Долината на Монасите каде што ќе имате можност да го видите импресивниот планински врв во облик на печурка. Пауза за ручек ќе се направи во градот Аванос, после тоа ќе имате можност да посетите работилница каде ќе имате можност да проследите презентација на изработка на керамички производи, следува посета на Ѓореме - музејот на отворено во долината Ихлара во кој се наоѓаат голем број на цркви и христијански населби во камен кои датираат од византискиот период 10, 11. и .век. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

5.ден КАПАДОКИЈА
Појадок. По појадокот заминуваме во посета на Учисар лоциран во срцето на Кападокија од каде ќе можета да добиете комплетен видик на Гореме, долината и селата во таа околина, можност за правење на најубавите панорамски фотографии од Кападокија. Потоа  попатна посета на Ургуп каде ќе можете да го видите симболот на Кападокија, карпести форми на татко мајка и ќерка. Групата продолжува во посета на Кавусин најстарото село во Кападокија, со можност да ја посетите црквата Св. Јован Крстител. Црквата датира од 5 век и се наоѓа на највисокото место од селото и нуди можност за одлични панорамски снимки Патувањето продолжува кон подземниот град Кајмакали изграден во ранохристијанскиот период, период во кој  прогонетите христијани ги граделе своите скривалишта и цркви под земја. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

6.ден КАПАДОКИЈА - ИСТАНБУЛ
Појадок. Заминување кон Истанбул. Пристигнување во Истанбул  сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија. Ноќевање.

7.ден ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот заминување кон Македонија. Патот води преку Грција. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови. 

 

Цена на аранжманот: 255 Є (15.810,00 мкд)

Термин: 23.мај

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотели со ***, 3 ноќевања со појадок и 2 полупансиони

- Организирани панорамски разгледи според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Влезници за музеите и културно историските споменици: Св.Јован 4 €, Мавзолејот на Мевлена 3 €, Ѓореме 7 €, Кајмакали 7 €, музејот на Анадолиските цивилизации 6,5 € 

(Цените се предмет на промена во зависност од курсот на турската лира со еврото)

- Факултативно крстарење по Босфор (карта и локален водич 20 €)

- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици

- Туристичко, патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ:

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалитетите во моментот ***
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2