VILLA ARGIRO

VILLA ARGIRO

Argiro Apartments е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата наша вила во Агиос Никитас. Со прекрасно уредениот двор исполнет со зеленило, преку кој излегува на главната улица кон градската плажа, овој објект дава одлични услови за одмор. Во својот состав расолага со неколку убаво опремени двокреветни студиа, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ, клима уред (со доплата) и мини кујна за припрема на топли напитоци и за чување на продукти. Готвењето во студиата не е дозволено па за таа потреба на гостите им е на располагање летната кујна во дворот на објектот. Опремена со потребните апарати за готвење и печење, како и со ѕидана скара и фурна, вилата Аргиро, ги обезбедува сите потребни услови за одлично организиран престој.

Наем на соба

цени по соба за 7 или 9 ноќевања без превоз

Термин 18.07 27.07 05.08 14.08
Соба за 2 лица 423 € 466 € 466 € 466 €
Соба до 3 лица 459 € 505 € 505 € 505 €

 

Термин 23.08 01.09 08.09 15.09 22.09
Соба за 2 лица 388 € 252 € 210 € 168 € 135 €
Соба до 3 лица 421 € 273 € 228 € 182 € 146 €


Доплата за превоз по намалени цени

Термин 18.07 27.07 05.08 14.08
Возрасен 50 € 50 € 50 € 50 €
Дете 36 € 36 € 36 € 36 €

 

Термин 23.08 01.09 08.09 15.08 22.08
Возрасен 50 € 50 € 30 € 20 € 20 €
Дете 36 € 36 € 22 € 15 € 15 €

 

Во цената е вклучено:
- Наем на соба за 7 или 9 ноќи
- Преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен, со одобрение од сопственикот на објектот


Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување

 

Доплати и попусти:
- Употребата на клима уред во објектот е бесплатна (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- Во собите во ARGIRO достапна е заедничка кујна, и истата е бесплатна за користење
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)

 

Напомени:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува А лиценца со регистерски број 13-5233/2
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
- Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
- Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица
- Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
- При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
- Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
- При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.