БЕЛГРАД-НОВИ САД

1 ден   30.12.2017 (сабота)  ШТИП/СКОПЈЕ-БЕЛГРАД

Поаѓање за Србија во  00:30 часот од Штип, паркингoт пред Новата Пошта , во  02:00 часот поаѓање од Скопје, паркингот пред хотел ВИП. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград  во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Сместување во хотел.  Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, можност за факултативна вечера со музика на Скадарлија. Ноќевање.

2 ден 31.12.2017( недела)  БЕЛГРАД

Појадок. Посета на шопинг центар Ушче – слободно време. По посетата слободно време за индивидуални прошетки низ најпознатите улици во  Белград -  Кнез Михајлова и Теразије. Враќање во хотел.  Вечерта дочек на Новата 2018 година на плоштад со голема новогодишна забава со учество на познати музички имиња. Ноќевање.

3 ден 01.01.2018 ( понеделник )  БЕЛГРАД- НОВИ САД - СКОПЈЕ /ШТИП

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и слободно време за индивидуални активности или факултативен излет до Нови Сад. Нови Сад  е центар на српската култура  уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време. Поаѓање за Македонија преку Белград со попатни одмори. Пристигнување во Скопје/ Штип   во доцните вечерни часови.

 

                                    ЦЕНА :   5.490,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз со туристички автобус

- појадок во режија на агенцијата - првиот ден

- 2 ноќевања со појадок во хотел   3 *во Белград

- разглед  на Белград со локален туристички водич;

- водство и организација на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

- посета на Нови Сад – 10 евра ( минимум 35 пријавени – пријавување при резервација на аранжманот  )

- Вечера на Скадарлија ( 20 евра ) –  пријавување при резервација на аранжманот 

- патничко осигурување  100 денари (задолжително)

- туристичка такса – 3 еур ( се плаќа на рецепција )

- влезници за културно-историските споменици

Општи напомени :

- ТА Сафари  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Рок на пријавување до 15.12.2017

За реализација на аранжманот се потребени минимум 45 патници за автобус!