Будва

1 ден  29.12.2017 (петок ) Штип/Скопје-Будва

Поаѓање за Будва од  Штип во 21:30 часот, паркингот пред Новата Пошта,  од Скопје во 23: 00 часот ,  паркингот кај хотел Вип . Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден   30.12.2017 (сабота ) Св. Стефан-Будва

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта,  предновогодишна забава со БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ пред платото на Стариот град . Ноќевање.

3 ден   31.12.2017 (недела)  Будва

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности во Будва, Вечерта дочек на Новата 2018 година пред платото на Стариот град со новогодишен настап на ГОРАН БРЕГОВИЌ и BIJELO DUGME (гости на концертот Младен Вијичиќ – Тифа и Ален Исламовиќ). Ноќевање.

4 ден  01.01.2018 ( понеделник )  Будва- Дубровник - Будва  – Скопје/Штип

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија. Попладне враќање во Будва.  Поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

                                             ЦЕНА:  5.500,00 денари за хотелско сместување

                                                 ЦЕНА: 3.990,00 денари за приватно сместување

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

-  Превоз со туристички автобус

-  2 ноќевања со појадок  во хотел 3 * во Будва  или во приватни апартмани

-  Организација и водство на патувањето со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-  Целодневен излет до Дубровник -  10 евра (минимум 35 пријавени – пријавување при резервација на аранжманот)

-  Патничко осигурување – 150 ден ( задолжително)

-  Влезници за посети и патничко осигурување

 Општи напомени :

- ТА Сафари   го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

-  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Рок на пријавување до 15.12.2017

За реализација на аранжманот се потребени минимум 45 патници за автобус!

Важат  општите  услови за  патување на Т.А. Сафари  и  СКТМ