БУКУРЕШТ

ден  29.12.2017 ( петок )  Скопје/Штип - Букурешт

Поаѓање за Букурешт во во 15:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 17.00 часот од Скопје, паркингот пред хотел ВИП. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и  царински формалности .

2 ден  30.12.2017  ( сабота )  Букурешт –   Синаја – Бран – Брашов

Пристигнување  во Букурешт во утринските часови, главниот град на Романија кој често го нарекуваат Мал Париз.

Патувањето продолжува со факултативна посета на Кралскиот Дворец Пелеш, најубавиот дворец во Европа, некогашна летна резиденција на Романските Кралеви. Потоа се упатуваме кон Бран и го посетуваме Дворецот на Дракула каде  ќе ја дознаете вистинската приказна за  легендарниот гроф Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар каде што се наоѓа познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во Југоисточна Европа. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  31.12.2017 ( недела ) Букурешт

Појадок. Разглед на градот со локален водич: Парламентот и архитектонскиот комплекс Куртлија - најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Владар Цепеш - Дракула. Разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum - седиштето на филхармонијата, некогашната  Кралска палата, Националниот музеј за историја, Патријаршијата, Триумфалната капија. Слободно време.  Враќање во хотел. Вечерта дочек на Новата 2017 година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден  01.01.2018 ( понеделник  ) Букурешт - Штип/Скопје

Појадок. По појадокот посета на шопинг центар. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.  Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

                                                 Цена6.500,00 денaри

 

Во цената е вклучено:

-   Превоз со високо туристички автобус

-   Појадок во режија на агенцијата - првиот ден

-   2 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Букурешт

-   Разглед на Букурешт со локален туристички водич;

-   Водство и организација на програмата со лиценциран придружник

 Во цената не е вклучено:

-  Целодневен излет до Дворецот на Дракула и Кралскиот Дворец ( превоз + влезници ) - 35 евра

 (пријавување при резервација на аранжманот , минимум 35 лица за реализација)

-  Патничко осигурување – 200,00 денари (задолжително)

 Напомени:

-        ТА Сафари го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

-        За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

-        Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

-       Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

-     За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

Рок на пријавување до 15.12.2017

 За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ