НОВИ САД

30.декември (сабота)   СКОПЈЕ - НОВИ САД

  Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во Скопје, во 00:30 часот после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Садво 01:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Краток одмор до панорамското разгледување на градот: театарот “Српско народно позориште”, со истоимениот плоштад, плоштадот на “Слобода”, на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” (една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година), улицата “Змај Јовина”, покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 31.декември (недела)   ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Појадок. Претпладневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора (познат и како “Српска Света Гора”), како и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, дочек на Новата 2018 година на централниот плоштад во градот, или пак можност за факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

 01.јануари (понеделник)  НОВИ САД - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до заминување од хотелот. Попатна посета на традиционален “Салаш” (едно од најавтентичните туристички обележја на животот во Војводина). Разглед на тамошниот “Салаш 137”, кој плени со неговит автентичен изглед  и организираност. Попладневен ручек со мени од традиционалната кујна и војводинска музика. Патувањето кон Македонија, продолжува со кратки попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

 

                                Цена на аранжманот:         99 €   (6.140 мкд)      

                                Цена во претпродажба:    89 €    (5.520 мкд) 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со автобус на наведената релација

- Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок

- Организирани разгледи и посети според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

- Патничко здраствено осигуривање

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан

- Влезници за музеите и културно - историските споменици

 Напомени:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ