ПРАГА, КАРЛОВИ ВАРИ И ВИЕНА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

01.ден СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти “Holiday Inn” во 12:30 часот. Поаѓање за Прага во 13:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

02.ден ПРАГА
Пристигнување во Прага околу пладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица.... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

03.ден ПРАГА - КОНОПИШТЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативен излет до Дворецот Конопиште, изграден во 13 век, во кој се чуваат прекрасни уметнички збирки од готиката, ренесансата и барокот. Вечерта можност за факултативно крстарење во В’лтава. Ноќевање. 

04.ден ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободно попладне или факултативна посета на Карлови Вари - најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културната елита од 19 век. Можност за посета а еден од 12-те извори, прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и Беќеровка. Вечерта факултативна посета на Чешка пивница. Ноќевање.

05.ден ПРАГА - ВИЕНА- СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување на групата за Виена. Пристигнување во Виена околу пладне. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив... Tргнување кон Скопје во попладневните часови.  Ноќно возење  со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 175 Є (10.850,00 мкд)

Термин: 23.мај

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација 

- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок

- Разглед на Прага со локален водич

- Организирана посета на Виена

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Карти за јавен превоз

- Факултативна посета на Карлови Вари (25 €)

- Факултативна посета на Дворецот Конопиште (25 €)

- Факултативно крстарење по Влтава (15 €)

- Факултативна посета на Чешка пивница (25 €)

- Влезници за музеите и културно - историските споменици

- Туристичко, патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ: 

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалитетите во моментот ***
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- Важат општите услови за патување на ТА Сафари
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2