Hotel Rimska Banja

Hotel Rimska Banja

Термалниот Спа Хотел “Римска бања” се наоѓа во селото Бања во Разлог и е опкружен со Рила, Пирин и Родопските планини, на само 5 километри од ски-центарот Банско. Областа изобилува со раскошна природа и два национални паркови. Хотелот располага со 5 еднокреветни соби, 53 двокреветни соби, 2 студиа, 19 апартмани и 9 луксузни апартмани. Секоја соба има тоалет и купатило со када, туш, СОС систем, фен за коса, крпи и бањарки. Минералната вода, покрај во термалните базени, тече и од чешмите во вашата бања. Сите соби располагаат со кабловска телевизија, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција низ целиот хотел и електронски сефови. Мирен и релаксирачки одмор е гарантиран во Термалниот Спа Хотел “Римска бања”! СПА комплексот на термалното лекувалиште Римска Бања е прекрасно место со домашна атмосфера, каде што може да се релаксирате, да се одморите и истовремено да се грижите за вашето здравје. Спа третманите ќе Ви овозможат да се чувствувате подобро, да се подмладите и да ја вратите душевната хармонија и телесната енергија. СПА третманите особено се препорачуваат на лица со помали проблеми со крвните садови, кожни заболувања, болести на зглобовите и нервните завршетоци, настинки, или постојано имат недостаток на енергија.

Цени „Зима” од 15.12.2017 до 01.03.2018 г.

Тип на сместување Цена за викенд денови (петок и сабота) НВ Цена за работни денови ( недела - четврток) НВ
Еднокреветна соба
/за 1 лице/
54 € 49 €
Еднокреветна соба без тераса
/за 1 лице/
50 € 45 €
Двокреветна соба
/за 2 лица/
79 € 75 €
Двокреветна соба без тераса
/за 2 лица/
79 € 71 €
Студио
/за 2 лица/
89 € 81 €
Студио без тераса
/за 2 лица/
84 € 76 €
Апартман
/за 2 возрасни/
97 € 88 €
Апартман без тераса
/за 2 возрасни/
92 € 83 €
Апартман лукс
/2 спални за 4 лица/
152 € 136 €
Апартман лукс без тераса
/2 спални за 4 лица/
144 € 129 €
Дополнителен кревет за возрасни 30 € 27 €
Дополнителен кревет дете 4 - 12 г.
Во соба, студио и апартман лукс
19 € 17 €
Дополнителен кревет дете 4 - 12 г.
Во апартман
10 € 9 €

За периодот од 29.12.2017-01.01.2018 сместувањето е по пакетни цени.

Во цената е вклучено:
- Ноќевање
- Појадок
- Бесплатно користење на СПА центар од 9 до 21 ч. со два внатрешни базена со минерална вода со температура на водата 31°С и 35°С, џакузи, сауна, парна бања, ледена соба, фитнес, зона за релаксација
- Бесплатно користење на WiFi интернет во целиот хотел
- Бесплатен сеф за лаптоп во секоја соба
- Бесплатно бебешко креветче и столче во ресторанот
- Бесплатен паркинг со видео камера;
Деца до 12 г. на редовен кревет, плаќат цена за возрасен. Деца до 4 г. на дополнителен кревет престојуваат бесплатно.

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2