Hotel Rimska Banja

Hotel Rimska Banja

Термалниот Спа Хотел “Римска бања” се наоѓа во селото Бања во Разлог и е опкружен со Рила, Пирин и Родопските планини, на само 5 километри од ски-центарот Банско. Областа изобилува со раскошна природа и два национални паркови. Хотелот располага со 5 еднокреветни соби, 53 двокреветни соби, 2 студиа, 19 апартмани и 9 луксузни апартмани. Секоја соба има тоалет и купатило со када, туш, СОС систем, фен за коса, крпи и бањарки. Минералната вода, покрај во термалните базени, тече и од чешмите во вашата бања. Сите соби располагаат со кабловска телевизија, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција низ целиот хотел и електронски сефови. Мирен и релаксирачки одмор е гарантиран во Термалниот Спа Хотел “Римска бања”! СПА комплексот на термалното лекувалиште Римска Бања е прекрасно место со домашна атмосфера, каде што може да се релаксирате, да се одморите и истовремено да се грижите за вашето здравје. Спа третманите ќе Ви овозможат да се чувствувате подобро, да се подмладите и да ја вратите душевната хармонија и телесната енергија. СПА третманите особено се препорачуваат на лица со помали проблеми со крвните садови, кожни заболувања, болести на зглобовите и нервните завршетоци, настинки, или постојано имат недостаток на енергија.

Тип на сместување Цена за викенд денови (петок и сабота) НВ Цена за рабптни денпви ( недела - четврток) НВ Цена за рабптни денпви (недела- четврток) ВВ
Еднокреветна соба 35 € 30 € 27 €
Двокреветна соба 54 € 46 € 42 €
Студио 2 59 € 50 € 45 €
Апартман за 2 возрасни 63 € 54 € 49 €
Апартман лукс /2 спални за 4 луѓе/ 96 € 82 € 73 €
Возрасен на дополнителен кревет 23 € 20 € 16 €
Дете 4 - 12 г. на дополнителен кревет во апартман 14 € 12 € 10 €
Дете 4-12 г. на дополнителен кревет вп соба, студио, и апартман лукс 8 € 7 € 4 €

Во цената е вклучено:
- Ноќевање
- Појадок на щведска маса (ВВ и НВ);
- Вечера на шведска маса или по мени без пијалоци (НВ);
- Бесплатно користење на СПА центар од 9:00 до 20:30 ч. со два внатрешни базени со минерална вода со температура на водата 31°С и 35°С, чакузи, сауна, парна бања, турска бања, ледена соба, солена сауна, фитнес и релакс зона;
- Бесплатно користење на WiFi интернет вп целиот хотел;
- Бесплатно користење на кош бебе и столче за бебе /во ресторанот/;
- Бесплатен паркинг со видео камера;
-Туристичка такса и ДДС.
Деца до 12 г. на редовен кревет, плаќат цена за опзрасен. Деца до 4 г. на дополнителен кревет престојуваат бесплатно. На деца до 12 г. не се даваат крпи. Влегувањето во собите е 14:00, напуштањето на собите е 12:00.

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2