Hotel Dosso Dossi Downtown *****

Hotel Dosso Dossi Downtown *****

Hotel Dosso Dossi Downtown***** е уреден во модерен стил и располага со затворен базен, ресторан, бар како и Spa и Wellness центар. Сместен е на авенијата Vatan во Фатих. Историската област Султан Ахмед се наоѓа на 3 км оддалеченост од хотелот. Секоја од климатизираните соби располага со минибар. Сопствената бања е опремена со фен како и бесплатни продукти за нега. Во хотелот Ви стојат на располагање фитнес центар, хамам како и салон за масажа. Хотелот се наоѓа на 2 км од џамијата на Султан Сулејман, 2.4 км од Големиот пазар и 3.3 км од Сината Џамија.

Пакет цени

Број на ноќевања 2 ноќевања 3 ноќевања
Цена по лице 169 € 199 €

Програма:
1. ден (четврток/петок) Скопје - Истанбул Поаѓање за Истанбул во утринските часови од аеродромот во Скопје Александар Велики. Пристигнување во Истанбул и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и можност за разгледување на градот. Ноќевање.

2/3 ден Истанбул Појадок. По појадокот слободно време за одмор и релаксација. Можност за индивидуална посета и прошетка низ Истанбул: Римскиот аквадукт, Таксим, Ак Сарај, Бајазитовата Џамија, Универзитетот, Хиподромот, Сината Џмија, Света Софија, Топ Капи, палатата Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманската Империја. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3/4 (недела ) ден Истанбул - Скопје Појадок. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.

Во цената е вклучено:
- Повратен авионски превоз Скопје – Истанбул - Скопје
- 2/3 ноќевања нa база ноќевање со појадок
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром
- Туристичка такса

Во цената не е вклучено:
- Аеродромски такси: 50 €
- Патничко и здравствено осигурување
- Индивидуални програми


НАПОМЕНИ:
- уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- важат општите услови за патување на ТА Сафари
- агенцијата поседува А лиценца со број 13-5233/2