Италија

1 ден 05.04.2018 СКОПЈЕ-ДРАЧ – БАРИ – РИМ

Состанок на групата во 10.00 ч. на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 10:30 ч. Се патува преку Албанија гр. Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30 ч. Ноќно возење кон Бари.

2 ден 06.04.2018  БАРИ – ПОМПЕЈА – НЕАПОЛ – РИМ

Пристигнување во Бари во 08.00 ч. Продолжуваме кон  Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол: Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 07.04.2018 РИМ – ВАТИКАН – ТИВОЛИ

Појадок. Предпладне  посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности. Предлагаме вечерна прошетка Roma by night. Ноќевање.

4 ден 08.04.2018 – РИМ – МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА

Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот. Поаѓање за Монтекатини. Пристигнување во Монтекатини во попладневните часови. Сместување во хотел. Препорачуваме вечерна посета на Пиза – Разглед на плоштадот Plazza Dei Miracoli на кој се наоѓа Кривата Кула,  катедралата Santa Maria della Spina, крстилница Св.Јован. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 09.04.2018 – МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Се упатуваме према Фиренца. Можност да уживате во ренесансниот град: мостот Векио, црквата Санта Кроче, Катедралата, плоштадот Сињорија, Палацио Векио, Галеријата Уфицио… Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 10.04.2018 – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

                                         ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 01.03: 229€/ 14.190 ден.

                                                  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239€/14.810 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Драч – Рим – Скопје

- Превоз со брод на релација Драч – Бари (седиште на брод)

- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим (околина)

- 1 ноќевање во хотел 3* НП во Монтекатини

- Посета на Неапол со водич

- Организација и водство на програмата

- Лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Патничко осигурување – 5€

- Разглед на Рим со локален водич – 15€

- Посета на Помпеа со влезница и водич – 25€

- Задолжителана посета на Фиренца – 30€

- Излет Roma by night – 15€

- Посета на Ватикан (резервација, превоз, водич, влезница,слушалки) – 50€

- Излет Тиволи (превоз, водич, влезница) – 25€

- Вечерна посета на Пиза – 10€

- Доплата за бродска кабина Драч-Бари – 10€

- Туристичка такса во Рим 3-6€ по лице по ноќ

- Туристичка такса Монтекатини 2-3€ по лице по ноќ

 

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалитетите во моментот ***

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА САФАРИ

Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2