Венеција

1 ден 05.04.2018 СКОПЈЕ – ТРСТ

Состанок со групата во 14:30 ч. и поаѓање за Венеција 15:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 06.04.2018  ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 07.04.2018 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде … Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.

4 ден 08.04.2018 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре… слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден 09.04.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

                               ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 129€/ 7.990 ден

                                              ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139€/ 8.610

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус

- Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло

- Организиран разглед на Венеција со локален водич

- Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 15€

- Посета на национален ресторан – 25€ (вклучено мени – вечера)

- Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич – 10€

- Влезници за културно-историските знаменитости

- Патничко осигурување –  5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и ТА САФАРИ

Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2